Во петокот уште две пациентки со цистична фиброза го примија лекот „трикафта“, потврди за МИА, портпаролката на Министерството за здравство, Берна Шерифовска.
Тие во моментот, како што информираат од Министерството за здравство, се наоѓаат на Клиниката за детски болести и нивната здравствена состојба е стабилна.
– Во новата година, пациентите со цистична фиброза добиваат подобар квалитет на живот, се вели во објавата на „Фејсбук“.
Според најавите на Министерството, во текот на утрешниот ден, уште на двајца пациенти ќе им биде дадена „трикафта“, со што бројот на лица кои го примат овој лек ќе се искачи на 16, а во следниот период, најавено е повеќе пациенти етапно да се вклучуваат на терапија.