120 училишни ранци и комплет училиштен прибор добија децата од згрижувачки семејства во Скопје.
Донацијата е од Ректорот на Универзитет Скопје, Аце Миленковски, со директна поддршка на заменик-министерот за труд, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Настанот се одржа на плоштадот во Општина Гази Баба, организиран во чест на почетокот на новата учебна година.
Ректорот Миленковски на дечињата им порача да учат, бидејќи образованито ќе ги направи посилни.
„Образованието е најважаната работа. Да сте образовани, значи да сте силни. Слушајте ги родителите, наставниците, учете и дружете се“, изјави Миленковски.
Заменик-министерот за труд, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски се заблагодарија на Универзитетот Скопје за подршката и општествената одговорност.
Универзитетот Скопје секогаш дава директна поддршка за најранливите категории деца.