Од 26 до 29 март, како УМС ќе бидеме домаќини на настан на Европските демократски студенти European Democrat Students, студентската организација на Европската народна партија EPP – European People’s Party.
Под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, овој настан е најважниот во годишната агенда на EDS и претставува силна потврда за довербата што Европа ја има во нашата работа.
Со овој Зимски универзитет, преку УМС на ВМРО – ДПМНЕ, Македонија станува место каде што се креира европската младинска политика за Западен Балкан, образованието и иднината. Тоа е резултат на јасна визија, континуитет и кредибилитет.
Како УМС на ВМРО – ДПМНЕ, продолжуваме со силна работа, со амбиција, со став и со резултати што се препознаваат и дома и во Европа.