Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, со истакнување на врвните резултати во научноистражувачката дејност од претходната календарска година.
На одбележувањето ќе се обрати ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова, а ќе бидат доделени награди за најдобри научници / уметник на УКИМ за 2023 година и Плакета на УКИМ за врвни достигнувања во науката.
На Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска ќе се одбележи 10 Ноември – Меѓународниот ден на науката. Ќе бидат доделени признанија и награди на најзначајните научници и научни достигнувања од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“.
Универзитетот годинава ќе го додели и признанието најдобар научник за 2024 година.