Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Температурата ќе биде во постепен пораст, а особено топло се очекува од почетокот на следната седмица.