Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
Во четврток врнежите локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.