Припадниците од Извидувачко разузнавачкиот баталјон (ИРб) од составот на Командата за операции, во период од 05 до 07.10.2025 година учествуваа на еден од најпрестижните воени натпревари „Cambrian Patrol 25“ во Велика Британија и го освоија третото место и бронзен медал, стои во објавата на Фејсбук страницата на Армија на Република Македонија.
На армискиот натпревар, кој се смета меѓу најтешките во светски рамки и на кој се тестираат најдобрите и најиздржливите, тимот од ИРб учествуваше заедно со уште 43 земји.
Низ суровиот и тежок терен на Велс со чест, дисциплина и непоколеблива волја припадниците на ИРб уште еднаш ја докажаа нивната ефикасност во извршување на дадените задачи, информираат од АРМ.