-Подрачното училиште во село Таринци е проект кој е веќе завршен, односно веќе се уредуваат оние внатрешни работи кои ќе значат од второ полугодие дека дечињата ќе почннат да учат во новото училиште и тоа значи за прв пат после 50 години стар објект, добиваме едни модерни услови за посетување на настава, вели Паунов.
Тој истакна дека заврши јавната набавка, и во наредниот перид се очекува да се изберe фирма изведувач која ќе работи на доградба на детската градинка. Градежните активности се очекуваат да започнат напролет.
-Детската градинка веќе јавната набавка заврши меѓутоа еваулацијата не е завршена од страна на Министерството за труд и социјална политика. Очекувам во следниот период да имаме поконкретни информации околу избор на фирма изведувач која ќе работи и од рана пролет да се започне со доградба за уште 50 дечиња, вели Паунов.
За доизградба на детската градинка во Карбинци имаше пријавено пет изведувачи на повикот за јавна набавка од страна на општината. На територија на Општина Карбинци се наоѓа само една детска градинка и токму затоа листата на чекање е голема. Паунов смета дека со доградбата на детската градинка сите дечиња ќе може да бидат предучилишно згрижени.