Македонија

Уапсено уште едно лице за најсмешниот грабежот на маркетот во Црниче

Уапсено уште едно лице за најсмешниот грабежот на маркетот во Црниче

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информира дека полицијата пронајде уште еден учесник во грабежот на сеф од маркет во скопско Црниче. Според него, досега се откриени лицата со иницијали В.З и В.Т од Скопје.

-На ден 18.04.2024 од страна на инспектори од ОКР Кисела Вода заедно со полициски службеници од ЕИП и ПС Ѓорче Петров врз основа на издадена судска наредба од Основен Кривичен Суд Скопје изврши претреси на дом и други простории кај двете лица. Истиот ден од страна на ЕВР Кисела Вода поднесена е кривична пријава за кривично дело “Тешка кражба” предвидено и казниво по член 236 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка за едното лице определена е мерка притвор, објави Тошковски.

Претходно од ОЈО информираа дека приведено е едно лице, кое заедно со останатите обвинети провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или се во вкупна вредност од 285.000 денари. Осомничениот заработи мерка притвор.

Видеото од грабежот беше хит на социјалните мрежи. Можеше да се забележи како четворица крадци успеваат да го стават сефот во багажникот и тргнуваат да бегаат, но по пат сефот им паѓа, па се враќаат и повторно го подигнуваат внатре во возилото.

Полицијата трага уште по двајца осомничени.

To top