Чувството на неминовниот вртоглав пад на марихуано-творната болумента на СДС секогаш, како по некое непишано правило, е пропратено со уште посилен крик, северна агонија и туробен наплив на нивните искрени, толку мизерни ставови, иницирани од уште поискрени стравови. Очајнички вапај поведен од она што ги чека. Уплавот дека ќе останат трајно неухлебени и „џитнати“ без пардон на историската ветрометина. Грдо саморазголување кое ачик покажува колку само тони автошовинизам, оикофобија и самопрезир се собрани во овие заблудени чеда, преполни со самонегација која просто блика од нив.
Интересно, секогаш кога ајваните ќе сфатат дека работите не одат во нивен прилог, „оком-скоком“ се вртат кон Големиот брат и кукаат, даваат се’, корнат коси ко бапчорки за да ги спаси од црната и тотално „незаслужена“ судбина што ги снашла, а тие толку најумни, најубавки, синокрвни и пред се’, послушни и безрбетни, абе срцки. Ги местат, пак, како и секогаш, за греота…
Едноставно, декларираните неработници од „големото добро утро“ кои од нашата Македонија сакаа да направат нивен бизарен Марихуаналенд, никако не можат да поверуваат и сфатат дека некој нешто може сам да направи, дека за истиот тој некој Македонија може да биде огромна инспирација за творештво и работа, дека имаме толку прекрасна, ендемски уникатна татковина и народ, култура и историја, зачинета со една цела дивизија историски горостаси и великани од двата рода, за кои шајшутките северни не ни чуле.
Незнаница и празнотија која им помага во протежирањето на нивните ступидни, сервилни убедувања, завиени во комлекс на „виша вредност“ со кој се тешат дека е просто неверојатно како „останатите“, затутулени, замумулени и немиени чеда не ја сфаќаат нивната есдесовска и глобална мега-големина, и како тој некој не може, не сака и пак никако не успева да сконта дека тие се родени за да владејат, да палат и гасат, да решаваат за државата, за идентитетот, за граѓаните, за историјата, за судбата на ова крајно девастирано од нив самите општество. Огромна, тешка одговорност и задача наттурена на десетина комуњарски спасители, не им е лесно на самобендисаните гилиптари, дефинитивно, алал…
За нивна жал, чувството и сеќавањето за ултра-успесите од нивното „владеење“ е се’ уште премногу свеж и пустото тоа многу одалеку базди, мириса, смрди и труе од сета таа антимакедонштина збрана на едно место, остатоците од идентитетскиот масакр зачиент со тони и тони арамилак, идиотизам, па пак апашлук, индолентна ароганција, инфантилна глупоштија, луциден аздис и каков ли не „громозорен“ атак врз сетилата кој во низа и како на лента ни го приредуваа Заевци, Тачевци, Димитровци, Грубиевци и целата таа северна шарлатанска банда околу нив. Се’ уште ни тежи и не притиска сиот оној резил од анационалните и ирационални повраќаници кои што се наталожија и збраа во тие црни седум лета, не Божји, туку шејтански.
Македонија тие темни години стана полигон и пластичен, школски пример за ОИКОФОБИЈА, термин кој сефте се употребувал во психологијата и психијатријата со значење на ирационален страв од сопствениот дом, аверзија од домашната средина или од предметите во сопствениот дом, збор кој, сепак, полека влегол и во политичките и општествените науки со сосема друго значење.
На почетокот на овој милениум добива и сосема поинакво значење – како омраза кон сопствената нација, кон сопствениот народ, култура и традиција. Негирањето на сопствената култура, а величањето на туѓата е феномен, кој филозофите го препознаваат во современата европска култура. Ние, пак, во ликот и злоделото на СДС, марихуанотворната партија која мисли дека е државотворна.
Кај нас, оикофобијата е попозната како автошовинизам, повеќе како самопрезир, најмногу како дејствување на СДС од 91-та, па навака, до ден денешен.
Во нивните злодејанија е испреплетен и Данинг-Кругеровиот ефект, кој претставува девијација во мислењето, при што некомпетентни поединци страдаат од илузорна супериорност и погрешно го вреднуваат своето мислење како повисоко од просечното. Состојбата се должи на менталната неспособност да се увидат сопствените грешки. Ви текнува на суријата безгрешни есдеесовци?
Данинг и Кругер го категоризираат овој феномен во 1999-та година, но упатуваат и на претходните мислители кои го воочиле овој феномен како што е Дарвин (“Незнаењето се храни со самодоверба”) или Бертранд Расел (“Болна вистина за ова време е што глупавите се цврсто сигурни во себе а паметните се полни со дилеми и нерешителност”).
Ви текнува на некој ваков во Македонија?
На една чета заблудени синови и ќерки, армија ќелепури кои цела историја го љубат и преценуваат туѓото, истовремено силно мразејќи, ругајќи и потценувајќи го своето, македонското.
Хохштаплери од партија која е пред затворање, „доживотно“ водени од максимата „Туѓе не дамо, своје неќемо“, сосема обратно од комунистичките идеолози чиј имот го „стопивте“ во 91-та, фиљан луѓе кои некогаш прокламираа „Туѓе неќемо, своје не дамо“. Арано ама, тие беа патриоти, не одроди…
П.С.
Многу ви беше брилијантно сценариото на Зоранчо, прво да не фрлите во тешка депресија со газење по националните и идентитетски светии, па така апатични и аморфни, тоталка разочарани во се’, да не „спасите“ од истата таа депресија со марихуната на Вице и Трајче, да не РАЗВЕСЕЛИТЕ. Ја имате на тони, видовме со свои очи. И ете, оп – црпнатите спасители од Муртино ги „спасија“ Македонците. Супер план, холивудски, за Оскар. Само, ве зезна новата власт, прво што ви ја презеде, а второ (попогубно за вас) што ви ги уапси ДИСТРИБУТЕРИТЕ од Грчец, па марихуаната ви остана во магацините, се трупаше, се трупаше, се претрупа, та почнавте некадарници дилерски да си ја продавате самички – и оп, ве фатија. За греота сте, зарем навистина мислевте дека ќе минете неказнето по се’ што и’ сторивте на МАКЕДОНИЈА?
Туку, зошто Црпко не е во Македонија? Каде е ајванот?
Онака, за ДРУГАРЧЕ прашуваме…