„Не знам со кој образ излегуваат пред јавноста, повеќе се смешни отколку што се сериозни. До вчера беа во владата водеа ресори, се однесува илитистички уживаа на државен трошок. Ниту креира мерки, ниту креира програми, ниту ја слушаа тогашната препорака кога дававме конструктивни предлози и сега одеднаш станаа толку големи домаќини и сега тие знаат ние сме биле со погрешен концепт. Класично лицемерие, недозволиво но тоа е матрицата на СДС“ истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на вечерашното гостување на актуелниот поткаст „ВМРО – ДПМНЕ Зборува“.
Трипуновски истакна дека единствено ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните и има искрен пристап кон нив. Дополнително напомена дека СДС биле неспособни да исплатат плати, додека денес глумат лажна грижа за граѓаните каде јасно се отсликува целокупно нивното лицемерство и нечовечност.
„Историјата кажува дека секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се земале државните приоритети, биле на прво место, особено земјоделството. СДС оставија колабирани институции и колабиран систем. Граѓаните се доволно свесни знаат да проценат што се случувало тогаш, а што сега. Разликата е евидентна“, истакна Трипуновски.
Трипуновски се осврна на проектот кој се однесува за млади земјоделци. Во неговиот вовед истакна дека веќе се работи младите да ја добијат целосната поддршка во целиот процес за долгорочен развој. Исто така посочи дека земјоделството е пат на истрајност и сè што треба е земјоделците да продолжат напред, чекор по чекор, градејќи земјоделски успех по успех.
„Младите ќе бидат ставени во преден план во наредните политики. Ќе работиме младите да влезат во земјоделскиот сектор. Ние го спремаме теренот, затоа што многу е лесно да му дадеме поддршка на некој млад земјоделец, меѓутоа ако тоа е на краток рок, доколку има проблем со откупна цена и нема рентабилност никој не би влегол во процесот“, дециден беше Трипуновски.
Трипуновски напомена дека земјоделството е благородна дејност, а државата ќе обезбеди услови за нив. Испрати порака дека земјоделците треба со гордост да продолжат затоа што се на вистинскиот пат, а ВМРО-ДПМНЕ останува сериозен партнер.
„Во наредната година ќе дадеме приоритет на млади луѓе кои ќе се ангажираат во секторот. Но влегувањето на младите луѓе во секторот ќе биде нешто што е сериозно и стабилно. Младите се тие коишто треба да ги пресликуваат европските, светските трендови на модерно земјоделско производство. Младите многу полесно можат тоа да го имплементираат. Преку вакви програми ќе може да влезат во земјоделскиот процес“, заклучи Трипуновски.