Македонија МЗШВ

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

Како и минатата година, така и оваа година откупот на тутунот се одвива без проблеми. Заклучно со вчерашниот ден, на ниво на целата територија на државата се откупени околу 15 милиони килограми тутун“, посочи министерот Трипуновски.

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ.

„Како и минатата година, така и оваа година откупот на тутунот се одвива без проблеми. Заклучно со вчерашниот ден, на ниво на целата територија на државата се откупени околу 15 милиони килограми тутун“, посочи министерот Трипуновски.

Тој додаде дека според последните информации, просечната откупна цена изнесува околу 419,84 денари за килограм, што е за речиси 20 денари повеќе во споредба со минатата година.

„Очекувам, доколку продолжи ваквата динамика, откупот на тутунот од реколтата 2025 да заврши до крајот на годината“, додаде министерот.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Министерот нагласи дека откупот се реализира во мирна и задоволна атмосфера, за разлика од минатите години кога имаше незадоволство од страна на тутунопроизводителите. Тоа е јасен сигнал дека минатата година беше една од најуспешните, а годинава ќе биде уште подобра.

Тој истакна дека Владата и Министерството сериозно работат да има стабилно производство и предвидливост во земјоделството.

Најнови вести од Македонија

To top