Македонија заедно ќе го вратиме земјоделството во онаа препознатлива состојба

Трипуновски: Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра

Негрижата за македонските земјоделци и тотално погрешните земјоделски политики на СДС ги примора земјоделците да го напуштат полето, а со тоа македонските граѓани да јадат увозни земјоделски производи, Македонија од земја извозник стана земја увозник на храна под власта на СДС.

Трипуновски: Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку Фејсбук објава извести за рекорден трговски дефицит во 2023 година за за земјоделско-прехрамбени производи во висина од 436 милиони евра.

Во прилог ви ја пренесуваме целата Трипуновски објава:

Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра!

Еве како СДС го уништува македонското земјоделство, Македонија со СДС стана земја увозно зависна од храна‼️

Негрижата за македонските земјоделци и тотално погрешните земјоделски политики на СДС ги примора земјоделците да го напуштат полето, а со тоа македонските граѓани да јадат увозни земјоделски производи, Македонија од земја извозник стана земја увозник на храна под власта на СДС.

Земјоделците ќе имаат вистински партнер во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе го вратиме македонското земјоделство во онаа препознатлива состојба, а Македонија повторно ќе биде земја извозник на храна!

To top