Македонија МЗШВ

Трипуновски: Потпишани се 57 договори за кофинансирање на комбајни за ориз и мобилни сушари

Вкупната вредност на договорите е над 34 милиони денари.

Трипуновски: Потпишани се 57 договори за кофинансирање на комбајни за ориз и мобилни сушари

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се потпишаа 57 договори по објавениот Јавен повик кој што се однесуваше на мерката 121, за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз, соопшти МЗШВ.

„Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесуваа 600.000 денари.

Вкупната вредност на договорите е над 34 милиони денари.

Со Јавниот повик Министерството преку мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој им излегува во пресрет на оризопроизводителите се со цел да се модернизира механизацијата во Македонија, потенцираа од министерството.

-Право на користење на овие средства имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој, додадоа во соопштението.

Со залагање за развој на земјоделството, Македонија повторно гордо ќе го носи епитетот земјоделска држава, соопштија од МЗШВ.

Најнови вести од Македонија

To top