Македонија

Трипуновски: Откупувачите го прифатија мојот предлог да се покачи откупната цена на тутунот за 30 денари по килограм

Трипуновски: Откупувачите го прифатија мојот предлог да се покачи откупната цена на тутунот за 30 денари по килограм

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Прилеп каде што оствари средба со тутунарите од овој регион.

На средбата е разговарано за актуелната состојба и текот на откупот на тутун од реколта 2023 година. Трипуновски информираше дека во текот на минатата недела одржал состанок со сите откупувачи што се во регистарот за откуп на тутун во Република Македонија каде што се разговарало за актуелната состојба и можните решенија како да се надмине проблемот со откупот на тутун.

Предлогот и мојата замолница до нив беше цената од 330 денари за килограм се поткрене на 360 или 365 денари за килограм и тоа да биде долната граница се со цел да ги стимулираме тутунарите да произведуваат и наредната година – изјави Трипуновски.

Дел од малите компании откупувачи на тутун го прифатиле предлогот на Трипуновски и веќе наредниот ден започнале со примена на промените.

Според моите информации компаниите Бако, Орбита и Пашоски имаат цена од 360, односно 365 денари по килограм, а утрово добив информација дека и Сокотаб веќе направиле корекција на цените, односно доплата по основ на награда или бонус на секој тутунар до 35 денари по килограм . – додаде Трипуновски.

Трипуновски упати апел и до останатите компании кои што се во регистарот да го следат овој тренд и ова да важи и за тутунарите кои што веќе го имаат предадено тутунот до овој момент и за сите оние кои што ќе го предадат до 28 февруари кој што е и крајниот рок за предавање на тутун и на овој начин да бидат опфатени сите тутунари кои што предале и оние кои што ќе предадат за да нема двоење помеѓу тутунарите.

Трипуновски најави дека ќе го повика и министерот Николовски да разговараат и заедно преку Тутунскиот комбинат Прилеп којшто има свои коперанти и заеднички да се делува и да се постигне рентабилна цена за да се помине оваа сезона и веќе од наредниот месец да се започне со планови и разговори за новите договори за тутунарите за наредната реколта.

To top