Македонија Министерство за земјоделие шумарство и водостопанство

Трипуновски: Над 30 земјоделски здруженија дадоа поддршка за реформите во земјоделството

Министерот посочи дека досегашната пракса овозможувала злоупотреби, посочувајќи примери со лозови насади кои формално се одржуваат, но без реална продукција, како и овошни насади во ресенскиот регион каде што не се врши вистинска обработка, а сепак се аплицирало и се добивале субвенции. Реформите имаат за цел да воспостават фер и правичен систем во кој поддршката ќе ја добиваат оние што навистина произведуваат.

Трипуновски: Над 30 земјоделски здруженија дадоа поддршка за реформите во земјоделството

„На последната средба што вчера се одржа во Министерството, на која учествуваа повеќе од 30-тина земјоделски здруженија и земјоделци, беше изразена поддршка за започнатите реформи во делот на субвенционирањето. Присутните ја поздравија насоката на измените, нагласувајќи дека за првпат вистинските и активни земјоделци се ставаат во фокусот на приоритети“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при своето гостување во „Лидер“.

Министерот посочи дека досегашната пракса овозможувала злоупотреби, посочувајќи примери со лозови насади кои формално се одржуваат, но без реална продукција, како и овошни насади во ресенскиот регион каде што не се врши вистинска обработка, а сепак се аплицирало и се добивале субвенции. Реформите имаат за цел да воспостават фер и правичен систем во кој поддршката ќе ја добиваат оние што навистина произведуваат.

Тој додаде дека во однос на големите корисници, комбинати и стопанства со поголеми површини, рентабилноста кај нив е различна во однос на малите производители, но дека и таму постојат јасно дефинирани критериуми.

Министерот посочи дека во почетните години од воведувањето на субвенциите имало позитивни ефекти и раст на производството, но дека во изминатите 7 до 10 години се бележи сериозен пад во производството на храна.

„Во рамките на работната група, во која лично учествувам, беше изработена детална анализа за да имаме јасен пресек и да поставиме основа за реформи, со цел прилагодување на земјоделците за новиот стратешки период 2028–2035 година“, појасни министерот.

Тој додаде дека во текот на 2026 и 2027 година земјоделците постепено ќе се подготвуваат за новиот правец на државната поддршка во секторот, со цел природните предуслови што ги има државата, сонце, вода и квалитетна почва да дадат резултати какви што ѝ се потребни на земјата.

Најнови вести од Македонија

To top