Македонија

Трипуновски: Моја цел ќе биде земјоделството кое ќе генерира стотици милиони евра девизен прилив

Трипуновски: Моја цел ќе биде земјоделството кое ќе генерира стотици милиони евра девизен прилив

Цветан Трипуновски кој е предложен за нов министер за земјоделство истакна дека огромна е честа која ја добил, но и одговорност и задоволство.

-Од утре па натака времето ќе се дели пред и по Владата на Мицкоски. Ќе поставиме стандарди и систем за работа кои не се видени до сега во Македонија. Граѓанинот доаѓа на прво место. Ја враќаме Македонија на народот, посочи Трипуновски.

Додаде дека Македонија се става на брза трака за напредок и развој.

-Земјоделството од упропастена гранка, ќе прерасне во еден од неколкуте двигатели на економијата. Ќе се свртиме кон модерните и успешни земји, и земји со слична површина колку нашата, а гиганти во земјоделското производство. Моја цел ќе биде земјоделството кое ќе генерира стотици милиони евра девизен прилив, земјоделство на среќни земјоделци, богати и достоинствени. Знаеме како треба, истакнува тој.

To top