Македонија

Трипуновски: Како Влада обзебедивме средства за исплата на сите заостанати субвенции

Трипуновски: Како Влада обзебедивме средства за исплата на сите заостанати субвенции

Владата дава силен фокус и покажа дека се грижи за земјоделците се со цел Македонија повторно да биде аграрна земја, истакна Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На среба со пелагониските земјоделци во Новаци, Трипуновски нагласи дека владата обезбеди средства за исплата на заостанатите субвенции од претходните години,а донесени се и дополнителни мерки во функција на земјоделците.

-Како Влада обезбедивме средства за исплата на заостанатите субвенции од претходните години, донесовме мерки кои им помагаат на производителите на јачмен и пченица, мерката зелена нафта ја зголемивме за 100 проценти, потпишавме 967 договори за земјоделско земјиште, а ќе распишеме нови огласи за да на располагање го ставиме целото земјоделско земјиште, истакна Трипуновски и додаде дека работаат на елиминирање на сите злоупотреби во овој ресор за што наскоро како министеерство ќе информираат.

Во изјава за медиумите, министерот Трипуновски потсети дека на вчерашната владина седница прифатени се програмата за директно плаќање, односно дополнителната субвенција за хектар од 6000 е зголемена на 12000 денари, а со цел како што рече да излеземе во пресрет на земјоделците кои во оваа реколта произведуваат јачмен. Дополнително, додаде тој, од програмата за интервентен фонд предвидовме дополнителни 3 денари за предадена пченица во регистрирани центри за откуп.

-Мерката ќе важи од 15 јули до 5 септември и сите што предале пченица ќе добијат дополнителни 3 денари. Владата им помага на земјоделците за да ги стимулира во следната сеидбена сезона да ги зголемат површините со пченица и да бидеме помалку увозно зависни од соседството или да имаме доволно пченица за сопствени потреби. Со обезбедените средства преку ребалансот ние ќе ги исчистиме сите заостанати обврски од 2020 до 2023 година, односно во 2024 година влегуваме без товар од претходните години. Исплатата на средствата ќе се врши плански и со соодветна динамика, истакна Трипуновски.

На прес конференцијата во Општина Новаци, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство информираше и за откупот на грозјето и пиперката ајварка.

-Со податоците од државниот земјоделски инспекторат досега се откупени околу 45 милиони килограми грозје и откупот според временските услови ќе заврши во наредните пет до седум денови. Оваа година имаме рекордно највисока отпкупна цена за двете најзастапени вински сорти грозје вранец и смедеревка, но лозарите негодуваа за дел од законската регулатива која ние ќе ја промениме со ново законско решение за да биде во интерес, а не е на штета на лозарите. Жалам што оваа откупна сезона според количините е многу помала, а главен виновник за тоа е АД Водостопанство чие претходно раководство не успеа до обезбеди доволни количини вода до лозовите насади во моментот кога требаше да бидат полевани. Во тек е откупот на пиперката ајварка во струмичкиот и прилепско-битолскиот регион. Имавме договорени цени кои до пред неколку денови се почитуваа, но се појави застој кај фабриките заради наплив од количини од бербата. Очекувам проблемот да се надмине затоа што ние сакаме земјоделците да бидат заштитени од било какви манипулации. Ние сакаме, рече Трипуновски, Македонија повторно да биде земјоделска држава, земјоделците да бидат заштитени, а министерството да биде вистински партнер и заштитник на трудот на македонските земјоделци.

Најнови вести од Македонија

To top