Трибина на тема „Локални и глобални предизвици од младинско значење“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и младината на Меѓународната Демократска Унија (IYDU) ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот во хотел Хилтон.
Според најавата на трибината говорници ќе бидат:
-Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата;
-Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ;
-Ева Дохалова, претседателка на млади на Меѓународната Демократска Унија (IYDU);
-Даниел Браун, директор на КАС.