Македонија Следно рочиште на 9-ти јуни

Три години правна голгота по трагедијата: Семејството на Слободан чека правда, а доживува скандали

Се менуваше судија, некој беше на обука, па друг предмет како притворски беше приоритетен, обвинетата менуваше адвокат, се менуваше член на судечки совет, па друг член беше на боледување… Датумите за рочишта се пишуваа, бришеа и менуваа, додека секој нов термин беше нова надеж за семејството. Како што и секое одложување беше ново разочарување.

Три години правна голгота по трагедијата: Семејството на Слободан чека правда, а доживува скандали

Три години семејството Ангеловски од Скопје минува низ голгота. Откако Слободан Ангеловски на пешачки премин беше прегазен кај МНТ на 26-ти јануари 2022-ра година, неговите најблиски единствено што бараа е правда. Но наместо тоа, доживуваат само низа скандали. Судскиот процес се развлекува, оддолжува, рочиштата постојано се презакажуваат, судењето почна од почеток. И покрај сево ова, правдата не е на повидок.

Со испрашување на вештите лица вчера во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случајот во кој загина пешакот Слободан Ангеловски, откако беше смртно прегазен од Гордана Филиповиќ близу мостот „Гоце Делчев“. На рочиштето беа испрашувани тројца сообраќајни вештаци, а се изведуваа и материјални докази од трагичиот настан.

На ова рочиште му претходеа низа одложувања од различни причини. Се менуваше судија, некој беше на обука, па друг предмет како притворски беше приоритетен, обвинетата менуваше адвокат, се менуваше член на судечки совет, па друг член беше на боледување… Датумите за рочишта се пишуваа, бришеа и менуваа, додека секој нов термин беше нова надеж за семејството. Како што и секое одложување беше ново разочарување.

КУРИР стапи во контакт со член на семејството Ангеловски, по вчерашното рочиште. Очекувано, видно се разочарани, а би рекле и шокирани. Велат дека исказите на вештакот на одбраната се косат со вистината.

На вчерашното рочиште бил направен обид да се претстави слика дека пешакот веќе бил бутнат од страна на „пикапот“, па да се претстави како олеснителна околност дека таа не го видела.

Супервештачењето барано од Апелација требаше да покаже дали друг влијаел за падот.

Дали Слободан паднал сам или бил удрен од некој друг претходно? Ова прашање за семејството е понижувачко бидејќи сакајќи да се избегне вина, се прави груба игра со нивните чувства. Имено, по ниту една логика ако се претстави дека Слободан бил паднат, вината не може да се занемари.

Постои основан простор за сомнеж дека некој сака да се пренасочи вината кон лицето кое управувало со другото возило „пикап“, но таквото тврдење не е основано. Прво, ако тоа било така, државниот вештак ќе видел и констатирал. Второ, на самите снимки се гледа дека „пикапот“ со тркалата е пред стоп линијата, што укажува дека не можел да го направи тоа што сакаат да му го стават на терет.

Следното рочиште е закажамо за на 9-ти јуни. Дали повторно ќе се одложи, ќе видиме. На него се очекува да се чита изјава од сведокот кој моментално се наоѓа во Германија и исказ да даде обвинетата.

To top