Македонија Министерство за европски прашања

Трајков-Прескер: Цврста поддршка од Словенија за спроведување на реформите

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков и амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер денеска остварија работна средба на која разговараа за повеќе актуелни прашања.

Фокусот на средбата беше ставен на евроинтегративниот процес и предизвиците на земјава во рамките на овој процес. Се дискутираше за имплементацијата на Реформската агенда со која се очекува да се забрзаат реформските процеси и нивно усогласување со европските стандарди.

При тоа, беше нагласена цврстата поддршка од Словенија во насока на преземање конкретни чекори за доближување до Унијата и подобрување на состојбите во општеството.

Заеднички беше констатирано дека Словенија и Македонија немаат отворени прашања и беше поздравено негувањето на традиционалното пријателство меѓу двете земји во насока на продлабочување на билатералните односи.

To top