Македонија Брисел

Трајков на средби со Бретел и Суперти: Македонија нема време за чекање, не се откажуваме од нашата зацртана цел

Упатив жалење што Македoнија повторно остана надвор од европскиот пат и не ги продолжува преговорите за членство во ЕУ, кажа Трајков.

Трајков на средби со Бретел и Суперти: Македонија нема време за чекање, не се откажуваме од нашата зацртана цел

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска во Брисел се сретна со Сигрид Бретел, Раководител на одделението за Македонија и Албанија при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР) и Валентина Суперти, директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија.

„Се заблагодарив за континуираната поддршка и одличната соработка која ја имаме со европските институции и честитав за стартот на преговори на нашиот сосед Албанија со Европската Унија, но истовремено упатив жалење што Македoнија повторно остана надвор од европскиот пат и не ги продолжува преговорите за членство во ЕУ, кажа Трајков.

По средбата заменик минисерката истакна дека ова ни дава дополнителен мотив да работиме забрзано и посветено.

„Македонија нема време за чекање, не се откажуваме од нашата зацртана цел, продолжуваме по европскиот пат, затоа што македонските граѓаните заслужуваат подобра иднина”- изјави Трајков.

ЗМЕП Трајков е во дводневна работна посета на Брисел.

To top