Доколку градоначалници го напуштат ЗЕЛС, тоа не би влијаело на организацијата, но и те како би имало реперкусии на развојот на општината која би излегла од ЗЕЛС. Па, од тука, напуштањето на ЗЕЛС и не е така паметна одлука, првенствено за граѓаните на тие општини.
Преку ЗЕЛС кој постои повеќе од 50 години, не само што има меѓународни проекти за општините, туку се членува и во сите меѓународни организации.
Се поставува прашањето: Зошто општините Струмица и Карпош, кои најавија напуштање од ЗЕЛС, би сакале да се отштекаат од светот?
Зошто се решија за ваков очајнички потег, па уште во ист момент?
Познавачите велат дека една од можните причини општина Струмица да направи ваков потег, е оти градоначалникот Костадин Костадинов не доби пари од средствата од унгарскиот кредит наменети за општините. Но тоа не е оправудавење, бидејќи понудените проекти од општината биле очајни. Стевчо Јакимовски, пак, доби средства за Карпош од истиот, но не го доби претседателското место во ЗЕЛС за кое имаше аспирации. Па можеби сега проработила суетата.
Трајановски: ЗЕЛС не треба да се напушта
Поранешниот претседател на ЗЕЛС, Коце Трајановски за КУРИР вели дека тоа е тело на сите градоначалници кое треба и мора да функционира.
-Тие ја креираат политиката на развој на локалната самоурава. ЗЕЛС не треба да се напушти, бидејќи токму ЗЕЛС е тело кое обединува.
Според Трајановски нормално е да има очекувања, забелешки, но истите треба да се надминат.
-Јас како поранешен претседател на ЗЕЛС упатувам апел да се задржи единството. Додека јас бев претседател имаше градоначалник кој сакаше да го напушти ЗЕЛС, но сфати дека тоа би било голема грешка, па го задржавме единството за добробит на сите.
Овој потег на двајцата градоначалници се оценува и како очајнички пред локални.