Македонија ЈПДП

Трајановски: Важно е оддржувањето на патната инфраструктура колку и што е важно инвестирањето во нова

Апелирам до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, потенцира во објавата директорот.

Трајановски: Важно е оддржувањето на патната инфраструктура колку и што е важно инвестирањето во нова

Се со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, по издаден налог од страна на ЈПДП за санација на нерамнините долж коридорот 10, започнато е со интервенција за санација на нерамнините на автопатот на делницата Велес – Градско на мостот после бензиската пумпа „Дади”, објави директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Трајановски истакна дека ќе се работи од двете страни на мостот,влезот и излезот, исто така ќе се санираат и ударните дупки.

– Претходно се санирани и нерамнините на дел од регионален пат Фурка – Дојран, а во тек на утрешниот ден ќе се санираат и нерамнините на делот од исклучок за Маврово према Стража, објави Трајановски.

Градежните работи ги изведува ЈП за оддржување и заштита на регионалните и магистрални патишта „Македонија пат”.

– Апелирам до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, потенцира во објавата директорот.

Сакам да потенцирам дека исто толку важно е оддржувањето на патната инфраструктура колку и што е важно инвестирањето во нова патна инфраструктура, додаде тој.

To top