Македонија подобрување на патната инфраструктура

Трајановски: Потребна е итна санација на делницата на потегот од Драчево до Долно Лисиче

Дополнително ЈПДП ќе започне со постапка за проектирање на овој регионален патен правец Драчево – Долно Лисиче – Јурумлери се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници, објави Трајановски на својот фејсбук профил.

Трајановски: Потребна е итна санација на делницата на потегот од Драчево до Долно Лисиче

-Денес заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и градоначаникот на општина Аеродром Дејан Митески извршивме увид во градежните активности на санација на дел од регионалниот пат Р1106, делница Драчево-Долно Лисиче, објави Коце Трајановски, директор на Јавно претпријатие за државни патишта.

Продолжуваме со активности во насока на подобрување на патната инфраструктура во и околу населените места, онаму каде што е потребна итна санација на коловозот. Една таква санација е потребна на регионалниот пат R1106, односно на делницата на потегот од Драчево до Долно Лисиче, потенцираше дидекторот на ЈПДП Трајановски.

Тој додаде дека на оваа делница која е со променлива ширина од 5,5 до 6 метри потребна е изработка на тампонски слоеви, подигнување на шахти, асфалтирање и други придружни градежни активности кои веќе се отпочнати.

Дополнително ЈПДП ќе започне со постапка за проектирање на овој регионален патен правец Драчево – Долно Лисиче – Јурумлери се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници, објави Трајановски на својот фејсбук профил.

Најнови вести од Македонија

To top