Директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски изврши увид на патен птавец П2135 и потенцира дека се поврзани селата, а регионот е посилен. Тој објави дека вложуваме во подобро инфраструктурно поврзување на селата и населените места и дека само така ќе им овозможиме полесен пристап до градовите, образованието и здравствените услуги.
Поврзани села, посилен регион! Вложуваме во подобро инфраструктурно поврзување на селата и населените места. Само така…
Posted by Коце Трајановски on Tuesday, July 29, 2025
Секоја година изготвуваме Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта во која предвидуваме средства кои се инвестираат во патната инфраструктура, а работите ги доверуваме на ЈП Македонијапат.
-Инвестиравме вкупно 46 милиони денари во патниот правец Р2135 Горно Коњаре-Малино-Преод-Свети Николе каде заедно со заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и градоначалниците на општина Петровец Борче Митевски и на општина Свети Николе, Дејан Владев извршивме увид во градежните активности, истакана директорот на ЈПДП Трајановски.
Завршена е санација на коловозот на најоштетените делови од делницата Сушица-Малино во должина од 1.350 метри и ширина од 4 метри во износ од 15 милиони денари, како и на делницата клучка Преод-село Крушица во должина од 3.100 метри и ширина 4 метри вредност 25 милиони денари. Исто така, во тек се градежни активности на транзитниот дел од Горно Коњаре во должина од 500 метри и ширина од 4,5 метри. Вредноста на работите на овој потег изнесува 6 милиони денари со што им овозможуваме на жителите на овие села и населените места кои гравитираат кон Свети Николе подобро инфраструктурно поврзување.
Со овој зафат се зголеми безбедноста во сообраќајот на регионалниот алтернативен пат кој води од Петровец до Свети Николе, потенцира Трајановски.