Македонија

Тошковски во посета на САЕ ,,Тигар“

Тошковски во посета на САЕ ,,Тигар“

Денеска (01.03.2024г.) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја посети најелитната специјална единица во рамки на Министерството за внатрешни работи – Специјална антитерористичка единица ,,Тигар“, која ги извршува најсложените и најтешки полициски задачи во поглед на справување со организирани и терористички криминални групи.

Во кругот на единицата Тошковкси ја посети и спомен собата во која се изложени разни експонати, фотографии, награди и други предмети кои ја отсликуваат богатата историја на единицата, а посебен дел е посветен и на оние припадници на единицата кои го дале својот живот при извршување на работните задачи, бранејќи го територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Исто така, министерот Тошковски одржа состанок со раководството на кој беше запознаен со нивното професионално портфолио и беше заклучено дека ова е Единица со која сите треба да се гордееме и во иднина уште повеќе да се инвестира во нејзин раст и развој, како од кадровски така и од материјално-технички аспект.

 

To top