Македонија

Тошковски во посета на ПС „Пролет“: Лично од моја страна беше извршен увид во работата на пунктот со цел да се утврди фактичката состојба

Тошковски во посета на ПС „Пролет“: Лично од моја страна беше извршен увид во работата на пунктот со цел да се утврди фактичката состојба

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку видео објавено на својот Фејсбук профил денеска објави дека бил во посета на пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет“.

Како што вели тој таму извршил увид во работата на пунктот со цел да се утврди фактичката состојба.

„Денешниот работен ден го започнав со посета на пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” каде лично од моја страна беше извршен увид во работата на пунктот со цел да се утврди фактичката состојба“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top