Македонија

Тошковски: Ветено-сторено, гужвите за вадење на лични документи веќе се минато, апел до граѓаните за промена на возачките дозволи до крајот на декември

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (03.09.2024) беше во посета на пунктот за промена на лични документи „Пролет“ со цел на утврдување на фактичката состојба во делот на издавањето на лични документи. Од констатираното на лице место утврдено беше дека гужвите со издавањето на лични документи е надминато и севкупната состојба е вратена во нормала.

-Ветено-сторено. Она што го најавивме пред два месеци, дека сето она што требаше да следи од аспект на издавање на лични документи е основно човеково право и право на македонските граѓани, дека ќе го вратиме во нормала се исполни. Од оваа седмица натаму секој македонски граѓанин, ќе поднесе барање за издавање на некој личен документ како лична карта, партна исправа, возачка дозвола, ќе може да ги оствари во рамки на она законско право, во рок од 15 дена. Тешко беше, требаше полициските службеници да работат вонредно во две смени, да дадат се од себе и оддавам огромна благодарност до нив. Македонските граѓани заслужуваат еден достоинствен начин на вадење на документи и отсега натаму во рамки на законски дозволениот период, потенцираше министерот Тошковски.

Мнисерот Тошковски информираше дека на територија на целата држава досега се променети над 1.750.000 патни исправи, над 1.450.000 лични карти и над 750.000 возачки дозволи.

Воедно министерот Тошковски уште еднаш потсети дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31.12.2024 година и апелираше граѓаните да го искористат преостанатиот период што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. Министерот Тошковски потенцираше дека сите капацитети и шалтери на управните служби на министерството функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок, без никакво доцнење и гужви.

Најнови вести од Македонија

To top