Македонија санкции

Тошковски: Соодветни мерки за раководителот на смена на „Блаце“

Министерството за внатрешни работи, во врска со патувањето на собранискиот спикер Африм Гаши во Косово, во последните три дена извршило интензивни проверки кои вклучуваат преглед на камерите на граничниот премин „Блаце“, увид во евиденцијата на системот за контрола на патници и возила и евиденцијата во книгите на настани и процедури на граничниот премин, информира преку својот фејсбук-профил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Притоа, било утврдено дека планот за патување на претседателот Гаши бил уредно најавен и заведен во евидентните книги по претходно известување од Министерството за надворешни работи на 16.08.2024 година. Во известувањето, покрај претседателот на Собранието, опфатени биле и членовите на неговото семејство, членови на обезбедувањето и три полициски службени возила.

Како што додава Тошковски, граничниот премин на 18.8.2024г. во период од 18:40 часот до 18:42 часот го поминале шест возила под полициска придружба од кои три полициски и едно ВИП-возило. Министерот информира дека при направена контрола во системот за контрола на патници било утврдено дека имало пропусти.

„Праксата на работењето на граничниот премин во поглед на преземање на зајакнати мерки и активности за обезбедување на делегација, поради недоволен број на сообраќајни ленти, значи во моментот на поминување на делегацијата со цел обезбедување на простор без други возила, е гранични проверки да се вршат со попуштен режим согласно член 17 од Законот за гранична контрола, како што се одвивало и во овој случај и траело многу кратко време. Со извршените контроли во Системот за контрола на патници и возила утврдено е дека носителот на делегацијата, како и членовите на неговото семејство кои биле најавени дека ќе остварат излез, не евидентираат во системот за контрола на патници и возила. Исто така, констатирано е дека не е целосно запазена процедурата на евидентирање на сите лица и патници кои поминуваат на граничниот премин во системот за контрола на патници и возила“, напиша Тошковски на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top