Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа на чинот на припопредавањето на противпожарно возило за Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ од Охрид и Дебрца, донација од австриската Покраината Тирол.

Упатувам искрена благодарност до амбасадорот Памер, до покраината Тирол, Австрија и до сите вклучени во оваа иницијатива. Верувам дека ова е добра основа за понатамошна соработка, особено во делот на стручни обуки, размена на искуства и техничка поддршка, објави Тошковски.
Оваа донација претставува значајна поддршка во напорите за јакнење на капацитетите на нашите доброволни и територијални противпожарни служби.

-Продолжуваме посветено да работиме на јакнење на капацитетите и градење функционален и одржлив систем за управување со кризи, заштита и спасување, со фокус на долгорочни и системски решенија, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.