Македонија мвр

Тошковски: План за професионален интегритет 2026–2028 на МВР, еве каква полиција сакаме да градиме

Тошковски е дециден дека целта е јасна: нула корупција во полицијата.

Тошковски: План за професионален интегритет 2026–2028 на МВР, еве каква полиција сакаме да градиме

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес го промовираше Планот за професионален интегритет 2026–2028 на Министерството за внатрешни работи, документ кој поставува јасна насока за тоа каква полиција сакаме да градиме.

За мене, интегритетот е основа на довербата меѓу полицијата и граѓаните. Чесноста, одговорноста и професионалноста мора да бидат стандард, а не исклучок, објави министерот.

Тошковски е дециден дека целта е јасна: нула корупција во полицијата.

Со овој план, дополнително ги зајакнуваме механизмите за превенција, откривање и санкционирање на корупцијата, но и вложуваме во обука и развој на полициските службеници, со цел да изградиме систем отпорен на влијанија и целосно посветен на владеењето на правото, додаде Тошковски.

Министерот потенцира дека ова не е еднократен чекор, туку континуиран процес.

Реформите, транспарентноста и отчетноста остануваат наш приоритет. Само со силни и интегритетни институции можеме да изградиме држава во која граѓаните ќе имаат доверба, потенцира Тошковски.

Денеска го промовиравме Планот за професионален интегритет 2026–2028 на Министерството за внатрешни работи, документ кој…

Posted by Панче Тошковски on Wednesday, March 25, 2026

Најнови вести од Македонија

To top