Македонија МВР

Тошковски оствари работна средба со романската амбасадорка

На средбата беа потврдени традиционално добрите и пријателски односи и соработка која се одвива на билатерално и мултилатерално ниво.

Тошковски оствари работна средба со романската амбасадорка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (31.10.2024) оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Н.Е. Адела Моника Аксинте. На средбата беа потврдени традиционално добрите и пријателски односи и соработка која се одвива на билатерално и мултилатерално ниво.

Соработката меѓу двете полиции вклучува брза размена на оперативни информации, сознанија во сите области на криминалитетот директно и преку меѓународните канали на ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ и СЕЛЕК.
На средбата беше разговарано и за следните активности како организирање и учество на заеднички обуки и тренинзи, застапување на заедничките интереси со цел континуиран процес на унапредување на капацитетот на двете полиции во борба со сите видови криминалитет и транснационалниот организиран криминал.

Амбасадорката Адела Миника Аксинте потенцираше дека Романија ќе продолжи и во иднина да биде лојален поддржувач и пријател на Македонија, особено во евроинтеграцискиот процес.

Поврзани теми

To top