Македонија осомничени 43 лица

Тошковски: Организаторите во случајот со измамата со брзите кредити по итна постапка изведени пред суд

Дел од осомничените, без согласност на граѓаните, користеле лични податоци, правеле лажни јавни исправи и преправале вистински јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински. Со внесување невистинити податоци во информатичките системи на десетина различни друштва за „брзи кредити“, како и со фалсификување на електронски потписи, без знаење на оштетените на нивно име земале кредити, создавајќи им обврска на лицата да ги враќаат наводно позајмените средства.

Тошковски: Организаторите во случајот со измамата со брзите кредити по итна постапка изведени пред суд

Организаторите во случајот со измамата со брзите кредити по итна постапка ќе бидат изведени пред суд, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во гостување на телевизија „Алфа“, Тошковски рече дека се работи за широка лепеза на помагачи кои биле вклучени во измамата со брзите кредити.

Обвинителството денеска соопшти дека е поведена постапка против 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“.

За четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена истрага за кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149, Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, додека останатите се опфатени во постапката со поединечни дејствија на помагање и соизвршителство во секој од случаите поединечно.

Дел од осомничените, без согласност на граѓаните, користеле лични податоци, правеле лажни јавни исправи и преправале вистински јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински. Со внесување невистинити податоци во информатичките системи на десетина различни друштва за „брзи кредити“, како и со фалсификување на електронски потписи, без знаење на оштетените на нивно име земале кредити, создавајќи им обврска на лицата да ги враќаат наводно позајмените средства.

 

Најнови вести од Македонија

To top