Македонија

Тошковски ќе ја посети Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Тошковски ќе ја посети Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе ја посети Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Во рамки на средбата, ќе се разговара за имплементацијата на веќе потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Министерството и Комисијата, со акцент на унапредување на меѓусебната соработка и зајакнување на механизмите за остварување и заштита на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата.

To top