Македонија средба

Тошковски-Карнер: Заедничката соработка во справување со илегалната миграција е од суштинско значење за стабилноста и безбедноста на регионот

Тошковски-Карнер: Заедничката соработка во справување со илегалната миграција е од суштинско значење за стабилноста и безбедноста на регионот

На маргините на Министерската конференција на Салцбуршкиот форум кој се одржува денеска и утре во Австрија, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари значајна билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Сојузна Република Австрија, Герхард Карнер. На средбата, министерот Карнер му го честиташе назначувањето на министерот Тошковски, истакнувајќи ја важноста на традиционално добрите односи меѓу двете држави.

Министрите се согласија за продолжување и зајакнување на соработката, особено во заедничкото справување со миграциските текови и борбата против илегалната миграција и криумчарењето на мигранти. Оваа соработка е од суштинско значење за одржување на стабилноста и безбедноста во регионот, како и за ефективното управување со предизвиците што произлегуваат од миграциските кризи.

Министерот Тошковски изрази благодарност за помошта и поддршката што сојузното министерство ја дава на нашата држава. Тој посебно го истакна значењето на претходниот билатерален договор и заедничките операции со Фронтекс, кои значително придонесуваат за подобрување на безбедносната состојба и ефикасното справување со имиграционите предизвици.

Најнови вести од Македонија

To top