Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски се обрати на конференцијата „Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во Југоисточна Европа“ во организација на ОБСЕ.
Министерот Тошковски во своето обраќање нагласи дека организираниот криминал и нелегалната трговија со мало и лесно оружје и кориумчарењето мигранти се значителни безбедносни предизвици како во Југоисточна Европа така и во поширокиот регион.
-Овој настан во организација на ОБСЕ и ЕУ4ФАСТ кој иницира посилна институционална соработка на меѓународно и национално ниво ќе придонесе кон функционалноста на безбедносните системи кои се носечки столб на сигурноста на граѓаните и демократските вредности на државите. Борбата против организираниот и транснационален криминал бара од сите нас максимално вложување на напори и ресурси посебно во делот на прекуграничната полициско-царинска соработка, како клучен фактор во ефикасно справување со оваа закана, потенцираше министерот Тошковски.
Тошковски ја акцентираше и поддршката што ја добиваме во делот на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе и неодамнешното зачленувањето на МВР кон Европската мрежа за миграција на Европската Унија, со цел обезбедување на пристап до објективни, веродостојни и споредливи информации.
Министерот Тошковски на крај нагласи дека ваквите настани ќе придонесуваат до поголема национална и регионална безбедност, која ќе биде остварлива доколку се зголеми нивото на размената на добри практики, искуства и максимално вложување на целокупниот капацитет и потенцијал кои што го поседуваме како агенции одговорни за спроведување на законот.
Амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал истакна дека за жал Југоисточна Европа останува фокус точка за криумчарење мигранти и нелегална трговија со мало и лесно оружје.
-Нелегалното оружје од регионот се криумчари низ Европа засилувајќи го организираниот криминал па дури и тероризмот. За да одговориме на ваквите предизвици, започнавме соработка, меѓурегионална иницијатива на ОБСЕ која ги обединува полициските директори, царинските директори, службениците за спроведување на законот и експертите за теми од цела Југоисточна Европа, нагласи амбасадорот Вал.
Амбасадорот Вал дека нашата земја успешно ги препознава проблемите и работи активно на нивното решавање а Мисија на ОБСЕ во Скопје со задоволство ќе ја продолжи својата поддршка во адресирање на сите овие закани.
Министерот Тошковски и амбасадорот Вал во рамките на конференцијата остварија и посебна средба на која во фокус беа сите тековни проекти со кои ОБСЕ соработува со министерството за внатрешни работи.