Македонија

Тошковски: Доколку сакаме да имаме држава, за секое едно дејствие, особено што е на штета на македонскиот народ одговорност мора да има со име и презиме!

Тошковски: Доколку сакаме да имаме држава, за секое едно дејствие, особено што е на штета на македонскиот народ одговорност мора да има со име и презиме!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку видео објавено на својот Фејсбук профил вели дека Македонија заслужува повеќето од „како досега“.

Во видеото тој потсетува на одлуката на поранешниот министер Оливер Спасовски за фотографирање на граѓаните за лични документи без закажување термин, на принципот „прв дојден прв услужен“ кој направи тотален хаос и безредие со недели.

По преземањето на функцијата од страна на Тошковски тој вели дека за 124% имало фотографирани лица од декември лани.

Одобрени биле и 78% повеќе пасоши од декември 2023, издадени биле и 89% повеќе пасоши од декември 2023.

„Повеќе од 4.000 фотографии на ден, обезбедени обрасци за пасоши и преку 250.000 термини закажани и презакажани“, стои во видеото на министерот.

Во овие неколку месеци се подобрило и издавањето на итни постапки, па така наместо три месеци, сега се чека само еден ден.

Новиот систем овозможува веб закажување и смс информирање, со што сите закажани термини во една година се фотографирани за еден месец, тврди Тошковски.

Тој на крајот вели дека доколку сакаме да имаме држава, за секое едно дејствие, особено што е на штета на Македонија и македонскиот народ одговорност мора да има со име и презиме!

To top