Градоначалникот, советниците и администрацијата можат да реализираат илјада проекти, но ако не обезбедат услови за раст и развој на локалната економија, попусто ќе се новите или обновените игралишта, градинки и училишта. Силната локална економија е директен фактор и индикатор за квалитетен живот на секој граѓанин, посочува кандидатот за градоначалник на Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски.
-За да ја зајакнеме локалната економија ќе изградиме нова индустриска зона со целосна инфраструктура. Ќе создадеме можности за отворање на нови фабрики, погони за отворање на нови работни места. Поголемата конкурентност ќе придонесе за подобри работни услови но и за повисоки плати. Со конкретни мерки како обезбедување на бесплатни канцелариски простори, помош и поддршка при аплицирање до меѓународните фондови преку организирање на трибини и обуки ќе ги стимулираме и поддржиме младите, но и малите и средни претпријатија во развојот на нивниот претприемачки дух, рече тој.
Тоневски порача дека економски силна општина е успешна општина.
-Сега вложуваме заедно, да ја градиме општината заедно, затоа што економски силна општина е успешна општина, објави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Пробиштип.