Оваа победа е резултат на упорност, посветеност и заедничка верба во подобра иднина за нашиот град, порача во вчерашната победа на локалните избори Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип.
-Со оваа победа започнува ново поглавје — време на работа, развој и исполнување на дадените ветувања. Честитки и до сите граѓани кои со својата поддршка ја избраа промената!
Пробиштип оди напред, истакна тој.
Тој на сограѓаните им вети дека ќе ја оправда нивната доверба.
-Ќе бидам прв од вас што ќе се бори за сите убави работи што треба да му се случуваат на Пробиштип во наредните четири години. Да сте живи и здрави, да редиме уште многу успеси и лични и професионални. Посакувам Пробиштип да биде најуспешната општина во Македонија, рече тој.