Македонија обраќање

Томовски: Во тие тешки моменти, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно

Денес, на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, уште еднаш се навративме на една од најтешките трагедии што ја погоди нашата држава, напиша на Фејсбук директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

Томовски: Во тие тешки моменти, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно

Денес, на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, уште еднаш се навративме на една од најтешките трагедии што ја погоди нашата држава, напиша на Фејсбук директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

Најнапред сакам повторно да изразам длабоко сочувство до семејствата на настраданите. Нема зборови со кои може да се утеши загубата, ниту пак има реченица што може да ја намали болката што ја носат. Болката е заедничка и човечка, и национална. Во тие тешки моменти, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно. Отворивме донаторска сметка преку Црвениот крст, свесни дека многу граѓани сакаат да помогнат и да дадат свој придонес во овој тежок и немил настан. Истовремено беше свикана итна владина седница, на која од буџетските резерви беа издвоени почетни 30 милиони денари, со цел семејствата да можат да бидат во непосредна близина на повредените кои се лекуваа надвор од државата. Како Служба за општи и заеднички работи, заедно со сите институции, бевме достапни 24 часа дневно. Мојот службен телефон беше ставен на располагање за комуникација со семејствата и засегнатите и до денес сè уште добивам повици од луѓе кои бараат поддршка, информација или едноставно разговор. Морам да потенцирам и дека владиниот авион беше ставен во функција за транспорт на пациенти, затоа што во такви моменти секоја минута, секоја одлука и секоја подадена рака значи живот. Оваа конференција не е само потсетник на трагедијата. Таа е и обврска да извлечеме поуки, да ги зајакнеме институционалните механизми, да ги унапредиме клиничките протоколи и никогаш повеќе да не дозволиме ваква болка да ја затекне нашата држава неподготвена. Во спомен на жртвите, во поддршка на нивните семејства и во име на идните генерации, наша должност е да изградиме посилен, похуман и поподготвен систем. Никогаш да не се повтори, истакна Томовски.

Најнови вести од Македонија

To top