Македонија СОЗР

Томовски: Овие избори се повеќе од резултат — тие се порака

Директорот на СОЗР додаде дека поддршката не е само победа, туку огромна обврска.

Томовски: Овие избори се повеќе од резултат — тие се порака

Директор на служба за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР) Ивица Томовски објави дека овие локални избори се легаси за идните генерации во Македонија. Тој истакна дека Овие избори се повеќе од резултат — тие се порака и дека се јасен патоказ од народот – дека државата мора да оди напред, чесно и одговорно.

„Граѓаните испратија силна порака:
Дека сакаат нови луѓе со нова енергија.
Дека нема повеќе место за политичари од минатото, ниту за оние кои мислат дека можат да бидат „локални шерифи“ во 21 век.
На сите вас кои ни ја дадовте довербата – од срце ви благодарам, објави Томовски.

Директорот на СОЗР додаде дека поддршката не е само победа, туку огромна обврска.

Ветуваме дека нема да ве изневериме. Ќе работиме транспарентно, чесно и со целосна посветеност – за секој граѓанин, за секое место, за секое маало, за Македонија, додаде во објавата Тромовски.

Најнови вести од Македонија

To top