Македонија сведоштва за аздисот на перјаниците на сдс

Тодороска: Министерката од СДСМ ги укина парите за 150-годишнината од раѓањето на Делчев затоа што сум рекла „нешто лошо за партијата во емисија кај Љупчо Цветановски“

„Сега и ти се амнестираш себеси, затоа што тогаш кога на мене ми беше дадена таа чест да бидам претседател на Организационен одбор за прослава на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, јас дојдов во емисија кај тебе и зборувавме за Гоцета Делчев, за се’ и зборувавме колку тоа малку ние посветуваме внимание на Гоце Делчев, при што ја спомнавме и тогашната власт и поради тоа, информацијата беше – ‘Нема да добиете ниту денар!’. Така што ти си виновникот што немавме пари за чествувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев“, посочи на шега проф. д-р Катерина Тодороска во „За или против“.

Тодороска: Министерката од СДСМ ги укина парите за 150-годишнината од раѓањето на Делчев затоа што сум рекла „нешто лошо за партијата во емисија кај Љупчо Цветановски“

Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска од СДСМ го оставила Организациониот одбор без средства за чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев затоа што Тодоровска, која беше претседател на Организациониот одбор за чествувањето на овој голем ден за Македонија и Македонците, рекла нешто лошо за нејзината партија во гостувањето во емисија кај Љупчо Цветановски на Алфа телевизија, потврди професорката од Институтот за национална историја при вчерашното гостување кај истиот новинар и на истото „место на злосторот“.

Грдата вистина за антимакедонското дејствување на ергелата на СДС ја соопшти по констатацијата на новинарот токму за резилот во кој Владата пред 4 години не даде денар за чествување на ваков есенцијален, грамаден и неповторлив историски датум за Македонија.

„Сега и ти се амнестираш себеси, затоа што тогаш кога на мене ми беше дадена таа чест да бидам претседател на Организационен одбор за прослава на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, јас дојдов во емисија кај тебе и зборувавме за Гоцета Делчев, за се’ и зборувавме колку тоа малку ние посветуваме внимание на Гоце Делчев, при што ја спомнавме и тогашната власт и поради тоа, информацијата беше – ‘Нема да добиете ниту денар!’. Така што ти си виновникот што немавме пари за чествувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев“, посочи на шега проф. д-р Катерина Тодороска во „За или против“.

Цветановски исто така на мајтап потврди дека е виновен, исто како и за војната во Украина и во Виетнам, а проф. Тодороска посочи дека смеата настрана, но ова е вистина. Потврди и дека се работи за поранешната министерка Бисера од редовите на СДС.

„Знам само дека објаснувањето беше дека јас сум зборувала нешто против нејзината партија во ТВ Алфа и затоа – нема пари за Гоце Делчев. Јас и’ испратив порака дека таа е министер на Република Македонија, не е министер на нејзината партија и дека парите кои што се во Министерството се пари на граѓаните кои треба да се распоредат најмногу за значајни настани и значајни имиња од македонската историја, затоа што со чувањето на коренот, ние си ја чуваме и иднината. Меѓутоа, очигледно е дека ние не се разбравме со неа, јас со неа“, потврди Тодороска.

Но ова не ги спречило историчарите од Одборот да не го го одбележат достоинствено настанот, се самоорганизирале и со сопствени средства, буквално од свој џеб направиле повеќе активности за чествувањето на 150-годишнината од раѓањето на македонскиот великан.

.„Ние направивме, независно од тоа што не добивме пари од државата, не ни дадоа ниту денар, а во тоа време – да бидам уште поконкретна имав и многу лош човек за директор на Институтот за национална историја, лош во поглед на тоа дека беше многу голем поданик на тогашната власт, тоа беше Драги Ѓоргиев, сега веќе и академик, со се’ го наградија, човекот исто така – нити Институтот не даде ни скршен денар.

Она што мене, сепак, ми е многу драго и горда сум што во тоа време имав луѓе ко и ден денес ми се драги колеги, тоа се Митко Панов, Наташа Котлар Трајкова, Силвана Сидоровска Чуповска и неколку други. Тоа се колегите кои сите самите од џеб си извадивме пари и направивме Конференција со 40 учесници, дури имаше и едно, не богато, но солидно коктелче, од Конференцијата излезе и Зборник, чие излегување беше посебна приказна, меѓутоа, се’ она што сакаа да го минираат – не им успеа. И затоа сум многу горда на сите тие луѓе кои учествуваа во тој Организационен одбор, бидејќи не потклекнаа, не беше воопшто лесно да се направи нешто за Гоце, замислете 150 години од неговото раѓање, што од историска дистанца е еден толку респектабилен датум. Направивме и еден конкурс и за литературно и за ликовно дело на таа тема, кои минаа одлично“, потенцира професорката.

Значи, и 150 години по раѓањето, Гоце повторно ги победи одродите, констатираше Цветановски.

Инаку, тогашната министерка е позната по мега-аферата со потрошени државни пари за мечиња и разно-разни глупости како минситерка на шеткањата по странство, по излетот во фармерчиња и патичиња на гробот на Исус Христос во Ерусалим, а најмногу по ултра-фарсата со влетување короносана во Собрание со скафандаер, за гласање за кое нејзиниот глас беше тотално небитен. Но тоа беше битно за неа, за да по драмата биде наградена со министерска функција во култура.

Сега има чест да го дополни CV-то и истата да биде позната и по тоа што укинала пари за 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, затоа што претседателката на Организациониот одбор за чествувањето рекла „нешто лошо“ за нејзината партија во емисија кај Љупчо Цветановски во ТВ Алфа…

Денеска, таа е пратеник на СДС во Собранието и за среќа на Македонија и Македонците и таа и нејзината партија не одлучуваат за ништо битно во државата…

 

 

Најнови вести од Македонија

To top