Македонија Од страната на Прилеп

Теренска проверка во тек: По обилните врнежи од дожд оштетен тротоарот на влезот во Битола

Тротоарскиот дел сè уште е во фаза на изведба.

Теренска проверка во тек: По обилните врнежи од дожд оштетен тротоарот на влезот во Битола

Во текот на вчерашниот ден, по обилните врнежи од дожд, настана оштетување на тротоарот на дел од булеварскиот влез од страната на Прилеп, од десната насока, информираат од општина Битола.

-Тротоарскиот дел сè уште е во фаза на изведба. Од утринава, на терен се стручни екипи кои вршат теренска проверка со цел да ги утврдат причините за настанатата штета, велат од општина Битола.

To top