Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови од земјата ќе дува умерен ветер од западен правец.
Утринските температури ќе се движат од -12 степени, а дневните до 7 степени
Во Скопје се очекува променливо облачно и студено време со повремени сончеви интервали, а ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Во следните денови, до крајот на седмицата, ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда, по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, додека дневните температури ќе бидат во благ пораст.
