Македонија

Телото на застреланиот Туша го пронашол неговиот брат полицаец, нивното име се наоѓа на договори со ЕСМ

Телото на застреланиот Туша го пронашол неговиот брат полицаец, нивното име се наоѓа на договори со ЕСМ

Телото на застреланиот Зељќиф Туша кај Блаце го пронашол неговиот брат кој е полицаец. Насер Туша е чичко на притворениот Гани (осомничен за учество во убиствата во Шиша бар и на Халкидики), а е вработен во МВР, во интервентната полиција.

Насер Туша пријавил дека околу 18:10 часот го нашол застреланиот брат во близина на скопското село Блаце.

Како што веќе објави Телма, рано наутро бил запален и угостителскиот објект “Барон” во Чаир, место кое има осто име како и криминалната група Барон чиј припадник е притворениот Гани Туша.

Во последното издание на емисијата КОД, презимето Туша се најде и на еден од договорите склучени со ЕСМ за увоз на 150.000 тони јаглен во вредност од 10 милиони евра за потребите на Рек Битола. Исак Туша е сопственик на фирмата Ими коп, а Насер Туша кој работи во МВР е лице за контакт.

To top