Македонија мониторинг

ТЕЛЕВИЗИИТЕ ДА НЕ ГИ ЕМИТУВААТ СПОТОВИТЕ НА ПЕНДАРОВСКИ И ОСМАНИ – апелира АВМУ, во нив има злоупотреба на малолетници во изборна кампања!

– За содржината на платеното политичко рекламирање се одговорни нарачателите, но радиодифузерите се одговорни за законитоста на неговото емитување, наведува АВМУ.

ТЕЛЕВИЗИИТЕ ДА НЕ ГИ ЕМИТУВААТ СПОТОВИТЕ НА ПЕНДАРОВСКИ И ОСМАНИ – апелира АВМУ, во нив има злоупотреба на малолетници во изборна кампања!

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелира до радиодифузерите да престанат да ги емитуваат спотовите на претседателските кандидати каде се појавуваат малолетници, а од учесниците во изборната кампања да ја усогласат содржината на платеното политичко рекламирање со законската регулатива.

Со мониторингот на изборното медиумско претставување за претседателските избори 2024 година, констатирано е дека, спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик, во платено политичко рекламирање на претседателските кандидати Стево Пендаровски и Бујар Османи учествуваат малолетници.

– За содржината на платеното политичко рекламирање се одговорни нарачателите, но радиодифузерите се одговорни за законитоста на неговото емитување. Оттаму, радиодифузерите треба веднаш да престанат да ги емитуваат овие спотови, а учесниците во изборната кампања да ја усогласат содржината на нивното платено политичко рекламирање со законската регулатива, наведува Агенцијата во денешното соопштение.

Најнови вести од Македонија

To top