Македонија ин мемориам

ТАЖНА ВЕСТ: Почина професор д-р Владо Јаневски

Професор д-р Владо Јаневски денес по долгогодишно боледување почина на 71-годишна возраст.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина професор д-р Владо Јаневски

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација.

Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март 2026 година, во капелата во Бутел во 11 часот.

Најнови вести од Македонија

To top