Претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски денеска е повикан во полиција да даде изјава, откако двајца директори на македонската навигација (М-НАВ) се пожалиле дека им се заканувал на Фејсбук.
Тасевски вели дека не им се заканувал туку дека ги откривал злоупотребите на раководителите за новите вработувања. Тој смета дека директорите виделе закана во неговиот повик објавен на Фејсбук Обвинителството да почне да чепка за контроверзниот прием на последните кандидати за работни места: 5 инженери и двајца инструктори, но и за сомнителни тендери во М-НАВ, за реновирање гаража итн.
Тасевски најави дека детали ќе соопшти утре на прес-конференција.