Македонија

Тарвари: Во „8-ми Септември“ ќе се вршат амбулантски консултативни прегледи и онколошки терапии

Министерот за здравство Арбен Таравари кој денеска беше во посета на амбулантите за онкологија во Градската општа болница „8-ми Септември“ изјави дека има решение од Министерството кое помина како одлука на Влада, да можат и во оваа болница да се вршат амбулантски консултативни прегледи. Тој напомена дека во „8-ми Септември“ веќе се вработени двајца онколози и може да се изврши полесна онколошка терапија.

-Денеска ги посетивме амбулантите за онкологија во „8 Септември“, како и дневната амбуланта која што би требало да функционира за неколку недели. Го видовме и акцелераторот којшто моментално не е во функција, но мислам дека може да се стави во функција. Ќе кажеме дека дефинитивно има решение од Министерството за здравство кое е поминато како одлука на Влада за да можат амублантски консултативни прегледи да се вршат во ГОБ „8-ми Септември“. Се надевам дека набргу и на Фондот ќе поминеме да има условен буџет, изјави Тараври по посетата.

Тој најави дека ќе ги посети и општите болници во Битола и во Тетово. Напомена дека во меѓувреме ќе треба да има договор меѓу Клиниката за онкологија и ГОБ „8 Септември“ согласно кој онколошките пациенти би можеле да примаат терапија во „8-ми Септември, за да се растерети Клиниката за онкологија.

-Имаме децентрализација во здравството. Секако, во меѓувреме ќе треба Клиниката за онкологија да има договор со ГОБ „8 Септември“ за ова некако да биде под контрола на Клиничка за онкологија, зборувам за онколошки пациенти. Можам да кажам дека барем за месец дена, одредена терапија ќе започнат да примаат пациенти во „8-ми Септември“ со што делумно ќе ја растеретиме Клиниката за онкологија, рече Таравари.

Тој посочи дека денеска ги посетил и хируршките сали во „8-ми Септември“, за кои потенцираше дека се наоѓаат во незавидна состојба и дека треба да се интервенира. Како што напомена, за ова ќе се разговара и согласно буџетот за 2025 година, приротет освен салите во Клинички центар да бидат и салите во „8 Септември.

Таравари потенцираше дека добил информации за недостиг на среден медицински кадар, но и специјалистички кадар.

-Се надевам дека според програмата која што ја планираме до крајот на годината ќе можеме да вработиме и одреден број на медицински сестри и среден медицински персонал, но и одредени специјализанти онаму каде што има дефицит. Тоа значи дека оние кои што се на четврта, петта или шеста година од специјализација ќе можеме да ги распределиме во болниците каде што има недостиг на кадар, додаде Таравари.

To top